Нацулиду: Македонскиот јазик загрозен во Грција
Македонскиот јазик е речиси изумрен меѓу помладите генерации
Eвгенија Нацулиду, претставник на Обединетата Македонска Дијаспора во Грција, ја претставила тешката положба на македонците и грчките обиди за бришење на македонскиот јазик на семинар на мрежата за промовирање на јазична разновидност во Даблин.
- Македонскиот јазик е речиси изумрен меѓу помладите генерации, постарите генерации кои обично говорат на македонски со семејствата, роднините и пријателите, обично избегнуват да говорат на македонски во јавност, изјавила Нацулиду. Таа предупредила дека Грција не дозволува употреба на македонскиот јазик во официјални цели. - Македонскиот јазик никогаш не се употребува во формален говор, во продавница, или во државните институции, па дури и кога говорникот знае дека лицето на кое му се обраќаат, исто така говори македонски, рекла Нацулиду која веќе побарала од грчката влада да стори повеќе за зачувувањето на македонскиот јазик
