Олимписки зимски игри – Сочи 2014

Ивица Костелиќ бајрактар!

28.01.2014 16:07

Скијачот Ивица Костелиќ ќе го носи знамето на Хрватска на Свеченото отворање на Олимписките зимски игри во Сочи што ќе се одржат од 7 до 23 фавруари. Во самостојната историја на Хрватска, Ивица Костелиќ ќе биде петти знаменосец по лизгачот Томислав Чижмешија во Албервил 1992-та, скијачот Ведран Павлек во Лилехамер 1994-та, Јаков Фак во Ванкувер 2010-та и сестрата на Ивица, Јаница Костелиќ која честа ја имаше на три Олимпијади, во Нагано 1998-та, во Солт Лејк Сити  2002-та и во Торино 2006-та година.

34 – годишниот Ивица Костелиќ има три олимписки медали, сите сребрени, во комбинација во Торино и во слалом и суперкомбинација во Ванкувер.