Либиската армија влезе во Сирт, упориштето на ИД
09.06.2016 13:00
Во родниот град на поранешниот либиски диктатор Гадафи се водат жестоки судири. Војската презела клучен мост, на кој ИД ги бесела непријателите.

Либиската армија влезе во Сирт, упориштето на џихадистичката група Исламска држава во земјата.
Во родниот град на поранешниот либиски диктатор Гадафи се водат жестоки судири. Војската презела клучен мост, на кој ИД ги бесела непријателите.
Во последните борби загинаа пет либиски војници, а 25 се повредени.
Сирт е единствениот град надвор од Сирија и Ирак што е под контрола на ИД.
