СЈО ги примило одлуките за поништување на помилувањата
Во тек се и другите истражни и предистражни постапки- соопштуваат од СЈО.

Специјалното јавно обвинителство ги примило претседателските одлуки за поништување на помилувањето. Оттаму информираат дека за случајот „Пуч“ продолжува кривичната постапка. Во тек се и другите истражни и предистражни постапки- соопштуваат од СЈО.
Се работи на предметите „Титаник“, „Тортура“- каде што се поднесени предлози за одредување мерка за претпазливост против шестмина, во „Тврдина“ е поднесен предлог за определување мерка притвор против едно лице и мерки за претпазливост против четворица.
И во случајот „Транспортер“ за превоз на ученици во Битола е поднесен предлог за определување мерка притвор против едно лице. Во „ТНТ“ за случајот Космос е донесена наредба за спроведување истражна постапка против тројца.
