Анкета на ИРИ: Опаѓа поддршката на граѓаните за членството на Македонија во НАТО и во ЕУ
Ако во април 2008-та, 92 проценти биле за НАТО, во април годинава тој процент е 73. Истовремено и процентот на граѓаните кои се против членството во Алијансата пораснал од 5 на 20 насто.

Анкета на Меѓународниот републикански институт (ИРИ), според која опаѓа поддршката на граѓаните за членството на Македонија во НАТО и во ЕУ. Ако во април 2008-та, 92 проценти биле за НАТО, во април годинава тој процент е 73. Истовремено и процентот на граѓаните кои се против членството во Алијансата пораснал од 5 на 20 насто.
Според истражувањето, пред 8 години, поддршката за членство во Европската Унија била 96 насто, а сега е 71 процент. 64 проценти од испитаниците не ја одобриле одлуката на претседателот Иванов да помилува актуелни и поранешни функционери.
Еден процент помалку,или 63 насто од анкетираните ја поддржуваат работата на Специјалното јавно обвинителство.
Анкетата е спроведена преку интервјуа лице в лице, од 19-ти до 25-ти април, по случаен избор од 1.104 полнолетни македонски граѓани.
