Успешно извршена трансплантација на бубрег од жив донор, најавени уште три
На скопските клиники успешно е извршена трансплантација на бубрег од жив донор, најавени се уште три до 1 јули. Од Здружението за нефрологија велат дека има напредок на ова поле. Здружението на бубрежно – болни се пожали на недостиг од нефролози...

По речиси една година на скопските клиники успешно е извршена трансплантација на бубрег од жив донор. До први јули закажани се уште 3, информираат од Здружението на нефролози.
Во Македонија има недостиг од нефролози, алармираат од Здружението на бубрежно болни. Според нив најголемиот дел од лекарите се на Скопксата клиниката, во внатрешноста имало само двајца.
Професори пак сметаат дека на македонските граѓани им се обезбеди здравствена заштита против бубрежни болести, но далеку сме од тоа дека успеавме да ја превенираме, а од конгресот ќе треба да произлезат нови мерки за превенција и лекување на оваа болест.
Еминенти доктори и научници од земјава и странство во наредните три дена ќе дискутираат за новостите од клиничката нефролошка пракса, напредокот и дијализата. Задоволни се што во своето искуство и знаење ќе може да го пренесат и во Македонија.
На петтиот конгресот на Здружението на нефролози ќе учествуваат 264 научници, а ќе има 60 предавачи од 20 земји.
Наташа Јанчиќ
