Неделкова: Независноста на судството е под закана
Независноста на судството е под закана. Притисоци доаѓаат од разни страни, но судиите треба да оддолеат на влијанијата потпирајќи се на својот интегритет и профеисонализам, рече претседателката на Врховниот суд, Неделкова при помоцијата на Брионската изјава за начелата на независноста во судството, донесена на 14 октомвти минатата година во Хрватска.

Довербата во судството е на стаклени нозе. Нападите, влијанијата и заканите стануваат се попрепознатливи – оцени претседателката на Врховниот суд, Лидија Неделкова, при презентацијата на Брионската изјава. Судиите, тврди Неделкова, често се изложени на притисоци од носители на политички фукнции, економски моќници, зантересирани поединци, посредници врз пријателско роднинска или колегијално професионална основа.
Првиот човек на Судскиот совет, Караџовски признава дека состојбите во судството не се идеални. Ги повика судиите да реагираат на притисоците.
Според деканот на Правниот факултет, Борче Давитковски, независноста на судството во овој момент е голем предизвик за општеството.
Независноста на судството е клучна за владеењето на правото, изјави британскиот амбасадор во земјава Гарет. Преку ноќ нема да се сменат состојбите, но потребно е сите чинители да бидат вклучени во процесот.
Брионската изјава беше потпишана на 14-ти октомври минатата година во Хрватска од престедателите на Врховните судови од Централна и Источна Европа.
Фиљана Кока
