Временските услови непогодни за пчелите
Врнежливото и облачно време, генерално е корисно за земјоделските култури, но предизвикува штети во пчеларството. Исто така, влагата во почвата ќе обезбеди и поголема отпорност на растенијата од евентуални топлотни удари.

Поголемата влажност на почвата за земјоделските култури ќе овозможи добар развој, но и можно ширење на болестите и на штетниците поради што се препорачува навремено третирање со заштитни средства.
Според експертите, доволните резерви на вода на растенијата ќе ја зголемат отпорноста од евентуални топлотни удари, особено кај житните култури.
Нестабилното време, пак, ќе предизвика проблеми кај пчеларството во овој период, за време на фазата на развој на пчелните семејства кога е потребна посува клима и повисоки температури.
За овошките од раните сорти кои годинава порано созреаа ваквото време не би требало да претставува проблем, а и другите земјоделски култури се во добра состојба.
Методија Трајков
