ИД остана без упориштето во Либија

10.06.2016 10:25

Дел од нивните членови се ослободиле од брадите и косите за да се скријат и да побегнат од противниците кои влегоа во центарот на градот со тенкови.

Исламска држава остана без упориште во Либија. Освојувањето на Сирт ја круниса едномесечната офанзива на либиските сили за преземање на упориштата на бунтовниците.

Дел од нивните членови се ослободиле од брадите и косите за да се скријат и да побегнат од противниците кои влегоа во центарот на градот со тенкови.

Сирт е единствениот голем град надвор од Сирија и Ирак под контрола на Исламска држава. Војната се води и на други фонтови.

Најжестоките судири се одвиваат во ирачкиот град Фалуџа и во сириските Алепо и Рака.