Нападнати четворица полицајци во Тетово
При обид да приведат 40 годишно лице од Тетово кое се барало за издржување на затворска казна во траење од една година за сторено кривичо дело тешка телесна повреда, нападнати се четворица полицајци...

Нападнати четворица полицајци при обид да приведат 40 годишно лице од Тетово кое се барало за издржување на затворска казна во траење од една година за сторено кривичо дело тешка телесна повреда.
Истиот со неговиот татко и со уште две засега непознати лица физички ги нападнале и ги удирале со метални предмети полициските службеници од СВР Тетово. Двајца се здобле со телесни повреди и укажана им е лекарска помош во Медицинскиот центар во Тетово, а другите двајца се здобиле со тешки телесни повреди и се префрлени во Ургентен центар во Скопје.
Едниот од полицајците е во животно загрозувачка состојба. По четворицата напаѓачи сеуште се трага, велат од Министерството за внатрешни работи. Повеке детали во текот на денешниот ден.
