Завршува учебната година
10.06.2016 11:09
Сепак, летниот распуст во вистинска смисла на зборот нема да почне за учениците уште неколку дена.

За околу 270 илјади ученици, основци и средношколци, заврши учебната 2015-та/2016-та година. Сепак, летниот распуст во вистинска смисла на зборот нема да почне за учениците уште неколку дена.
Учениците деновиве имаат екстерно тестирање по два предмета, од кое резултатите се очекуваат на 17-ти јуни. На 13-ти јуни ќе бидат објавени резултатите од екстерното тестирање на деветоодделенците бидејќи нив ги чека запишување во прва година средно образование на 28-ми и 29-ти јуни.
Матурантите исто така месецов ги полагаат трите екстерни предмети од државната матура, од што им зависат и уписите на факултет.
