Обама одобри проширување на мисијата во Авганистан
Одбрено е користење на американското Воено воздухопловство во борбите и обезбедување воздушна поддршка на авганистанските сили.

Претседателот на САД, Барак Обама одобри проширување на мисијата на американските сили во Авганистан, овозможувајќи им учество во борбата на авганистанската армија против талибанските бунтовници.
Одбрено е користење на американското Воено воздухопловство во борбите и обезбедување воздушна поддршка на авганистанските сили.
Врз основа на одлуката на Обама, командантот на силите на САД во Авганистан, генерал Џон Николсон ќе решава кога американските војници ќе им се придружат на авганистанските конвенционални сили на бојното поле.
Пентагон соопшти дека досега американски војници се вклучувале само во операции на авганистанските специјални сили.
