Приведен еден од напаѓачите на полициските службеници во Тетово
Основното јавно обвинителство – Тетово, во координација со СВР-Тетово соопшти дека се преземени дејствија за расветлување на вчерашниот настан, во кој при обид за лишување од слобода на осуденик, беа нападнати и повредени четворица полициски службеници.

Во текот на ноќта, во полициска станица во Тетово е приведен и задржан 36-годишниот тетовец Е.Ј., за кој постои сомнение дека учествувал во вчерашниот напад на четворицата полицајци во Тетово и ги спречил во извршување на службената должност, соопштуваат од Обвинителството.
Основното јавно обвинителство – Тетово, во координација со СВР-Тетово соопшти дека се преземени дејствија за расветлување на вчерашниот настан, во кој при обид за лишување од слобода на осуденик, беа нападнати и повредени четворица полициски службеници. При вршење на увидот на лице место се пронајдени, фотодокументирани и подигнати за вештачење повеќе траги, а се преземаат и мерки за пронаоѓање на останатите напаѓачи.
Настанот се случил вчера попладне кога четворицата полициски службеници се обиделе да го лишат од слобода 40-годишниот И.И., кој се барал за издржување на едногодишна затворска казна. Тој се спротивставил и им дал отпор, а потоа со неговиот татко 69-годишниот А.И. и уште две лица физички ги нападнале полицајците. Таткото во нападот користел и метална шипка, со која на двајца полициски службеници им нанел тешки, а на другите двајца полесни телесни повреди.
Потешко повредените полицајци биле префрлени на скопските клиники, каде врз еден е извршен и хируршки зафат и тој се наоѓа во животно- загрозувачка здравствена состојба.
