Раст од 2% на БДП во првиот квартал
Според податоците, во првото тримесечје од 2016-та, најголем пораст е забележан во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување од 13,3%; Стручни, научни и технички дејности; Административни и помошни услужни дејности од 11,7% и Градежништво од 7,7%.

Раст од 2% на бруто- домашниот производ (БДП) во првиот квартал од годинава- објави Државниот завод за статистика.
Според податоците, во првото тримесечје од 2016-та, најголем пораст е забележан во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување од 13,3%; Стручни, научни и технички дејности; Административни и помошни услужни дејности од 11,7% и Градежништво од 7,7%.
Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во првото тримесечје од 2016 година, номинално расте за 3,2%, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 64,3%.
Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 12,6%, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 7,4%, соопшти Државниот завод за статистика.
