Кривичниот суд ќе решава по барањата на СЈО
Бидејќи лицата за кои од СЈО е предложена мерка притвор не се обезбедени на друг начин, судот ќе ги примени одредбите од Законот за кривична постапка...

5-те предлози од Специјалното јавно обвинителство се распоредени кај судии на претходна постапка и денеска ќе се постапува по нив, а лицата ќе бидат повикани во судот, информираат од Кривичниот суд.
За случајот „Тврдина“, СЈО за едно лице предлага мерка притвор, а за 4-ца определување мерки за претпазливост. Притвор се бара и за првоосомничениот во случајот „Транспортер“, а за „ТНТ“ мерки на претпазливост за 3 лица.
Предлог за определување мерки за претпазливост има за 6 лица за случајот „Тортура“, за кој кривичниот совет, предходно донесе одлука предметот да се врати на повторно одлучување кај судија на претходна постапка.
Бидејќи лицата за кои од СЈО е предложена мерка притвор не се обезбедени на друг начин, судот ќе ги примени одредбите од Законот за кривична постапка, согласно досегашната пракса на постапување по предмети во изминатиот период, велат од Скопска единица.
