Лабуристите предупредија- Брегзит ќе ја чини Британија 18 милијарди фунти
10.06.2016 14:52
Партијата ја засили кампањата за продолжување на членството во Унијата што ќе се гласа на референдумот на 23 јуни.

Излезот од ЕУ може да предизвика драстично зголемување на данокот и намалување на трошоците и до 18 милијарди фунти, предупредија Лабуристите.
Партијата ја засили кампањата за продолжување на членството во Унијата што ќе се гласа на референдумот на 23 јуни.
Премиерот на Обединетото Кралство Дејвид Камерон предупреди дека ќе биде неизбежен силен удар врз економијата доколку Британија се одвои од Унијата.
