Во пресрет на најбогатата жетва- три мерки за заштита на откупната цена на пченицата
Просечните приноси во нашата најголема житница ќе се движат околу пет тони по хектар, велат земјоделците. Прелог мерките на владата ги поздравуваат...

Намалување на понудата на пазарот во екот на жетвата со складирање на 80.000 тони пченица и 80 проценти субвенионирање на трошоците. Откуп на 30 илјади тони лебно зрно исклучиво од домашното производство за државните резерви и доколку прозводната биде пониска од откупната цена, согласно со законските акти, интервентен откуп од десет до педесет тони пченица по замјоделско стопанство. Ова се трите предлог мерки со кои државата ќе им помага на земјоделците во формирањето на откупната цена, на неполн месец до почетокот на жетвата која треба пожнее рекорден род од 300.000 тони пченица.
Високи приноси се очекуваат и во соседството што би било доплонителен притисок како резултат на нашето членство во ЦЕФТА.
Просечните приноси во нашата најголема житница ќе се движат околу пет тони по хектар, велат земјоделците. Прелог мерките на владата ги поздравуваат, но сепак главната дискусија од идната недела ќе ја започнат со мелничарите. И покрај хиперпродукцијата, велат дека нема да остапат од минималната рентабилна цена.
Во преговорите помеѓу двете страни ќе бидат вклучени и претставници од ресорното министерство.
Инаку, министреот Цветков од Пелагонија на сточарите кои се засегнати од болеста „јазлеста кожа“ им порача дека е најдена нова фирма што понудила банкарска гаранција за увоз на нарачаните 250.000 вакцини и истите се очекува да пристигнат во текот на идната недела.
Стевче Митревски
