Груевски: Не сум виновен и немам намера да се кријам
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, се одзва на поканата и пристигна на распит во Кривичниот суд. Тој е осомничен во случајот „ТНТ“ на Специјалното обвинителството. Рече дека не е виновен и оти нема намера да се крие. Според него, Специјалното јавно обвинителство прави нарачани чекори од кои ќе се срами во иднина...

„Катица Јанева изразила сомнеж дека ќе ја напуштам земјата и дека нема да се појавувам во судот- не знам дали некој верува во такво нешто, но, тоа не е вистина, туку само желба на нејзините нарачатели“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски по распитот во Скопска единица за случајот „ТНТ“.
Вели дека денеска бил повикан затоа што неговиот опонент е свесен за својот рејтинг и за немањето поддршка од народот, па преку контролата што ја има во Специјалното јавно обвинителство се обидува да го прикаже како сличен на него.
Груевски рече дека не се чувствува виновен. Според него, во иднина ќе имало уште обиди за, како што вели, негово малтретирање да доаѓа во судот.
Кривичниот суд соопшти дека ги примил сите барања за преземање мерки за претпазливост или притвор за петте предмети што ги отвори Специјалното јавно обвинитество.
Игор Панов
