Системи „капка по капка“ во оризовите полиња

13.06.2016 10:05

За наводнување на оризот во другите земји се користат системите „капка по капка“. По добрите резултати кај пченката, годинава и кај нас пробно, во кочанско, ваквиот систем ќе се користи на две експериментални оризови површини. Експертите очекуваат повеќе ефекти...

На две парцели во Чешиново и во Кочани неделава ќе почне наводнувањето на оризот со системите капка по капка.

Новата мрежа на експерименталните полиња е поставена  веднаш по сеидба на растенијата.

Земјоделците секојдневно ќе добиваат совети за користењето на системот и за употребата на соодветните агротехнички мерки за заштита и за прихрана на посевите.

Светските искуства со примената на капка по капка во производството на оваа култура покажуваат дека приносите се поголеми за 40 проценти, се заштедува од  50 до 60 проценти вода, се намалува губитокот на ѓубривата и се заштитува животната средина.

 

Методија Трајков