Обама го осуди нападот во Орландо

13.06.2016 10:13

Исламска држава призна дека е вмешана. Напаѓачот Матин е застрелан по тричасовната заложничка драма. Човекот кој застрела 50 луѓе во геј клуб во Орландо, Флорида пред да го изврши нападот ѝ телефонирал на полицијата и изразил лојалност на милитантската група...

Американскиот претседател Барак Обама го осуди нападот во Орландо во кој загинаа 50 луѓе, а 53 беа ранети. Според него, ова е најголемиот масакр во современата историја на САД и е олицетворение на терор и омраза.

„Се уште ги проверуваме сите факти. Истрагата е отворена. Непознати се мотивите на убиецот. ФБИ со право отвори истрага за теориризам. Јасно е дека човекот бил полн со омраза“, рече американскиот претседател Барак Обама.

29- годишниот Американец од авганистанско потекло Омар Матин беше застрелан во престрелката со полицијата по тричасовната заложничка драма во ноќниот геј клуб. Поради претседателската трка, во САД се заострува реториката во однос на прашањата за хомосексуалците и муслиманите, Исламска држава призна дека е вмешана во нападот.

За прв пат Фејсбук во САД ја активираше функцијата за проверка на безбедност со која корисниците наоваа социјална мрежа може да потврдат дека се безбедни во случај на некаква катастрофа или криза.