Предлогот за импичмент на претседателот Иванов на собраниска седница
Пред една недела, ад- хок комисијата со мнозинство гласови заклучи дека иницијативата за аболиција на претседателот Иванов поради одлуките за помилување на поранешни и актуелни функционери и нивни поддржувачи е неоснована.

Во Собранието на дневен ред- предлогот за поведување постапка за одговорност на претседателот Иванов, зад кој стојат потписите на 52-ца пратеници од СДСМ и коалициските партнери, на ДУИ, на тројца независни пратеници и на Павле Трајанов и Љилјана Поповска.
Пред една недела, ад- хок комисијата со мнозинство гласови заклучи дека иницијативата за аболиција на претседателот Иванов поради одлуките за помилување на поранешни и актуелни функционери и нивни поддржувачи е неоснована. Против беа СДСМ и ДУИ. За ВМРО-ДПМНЕ, барањето за импичмент е беспредметно.
Социјал-демократите сметаат дека Иванов ги прекршил Уставот и законите, а интегративците дека одлуката за помилување била донесена во сомнителна постапка.
Истиот ден, шефот на државата ги поништи преостанатите решенија за помилување, донесени на 12-ти април. Претходно, таков акт донесе за 22-ца политичари.
За да биде прифатен предлогот за поведување постапка за одговорност на Иванов, е потребно двотретинско мнозинство.
