Матурантите полагаат трет предмет од државната матура
13.06.2016 10:34
Оваа учебна година за државната матура се пријавени 16 илјади 859 ученици.

Матурантите го полагаат третиот предмет од државната матура - странски јазик. Проверката на знаењето го заокружуваат на 15-ти, со полагање еден изборен предмет.
Оваа учебна година за државната матура се пријавени 16 илјади 859 ученици.
Деветоодделенците денеска ќе ги добијат резултатите од екстерното тестирање. В петок ќе бидат објавени и за основнците и за средношколците.
Со тестирањето беа опфатени 178 илјади 648 ученици. Уписите за средно се на 28-ми и 29-ти јуни.
