Кривични пријави за 27 лица во акцијата „Гора“

12.06.2016 14:58

Против 39-годишник од Скопје е поднесена кривична пријава за „пустошење шума“ и „кражба“. 25-годишен Скопјанец се товари за „кражба“, информираат од МВР. Оперирале на територијата на Петровец.

Нелегален транспорт на дрва, кражба, пустошење шума. Единица за економски и компјутерски криминал поднесе 26 кривични пријави против 27-мина. Фатени се во акцијата „Гора“.

Против 39-годишник од Скопје е поднесена кривична пријава за „пустошење шума“ и „кражба“. 25-годишен Скопјанец се товари за „кражба“, информираат од МВР. Оперирале на територијата на Петровец.

Интервенирале и полициските АЛФИ, кога еден од осомничените пробал да избега при обидот да биде легитимиран од службениците.

Второто кривично дело „кражба“, двајца пријавени го сториле со бесправна сеча од туѓа шума. Исекле дабови стебла кои потоа ги транспортирале и пренеле од селото Кожле кон село Блаце, со намера дрвната маса да ja препродадат.

Наташа Јанчиќ