Формирање реформска влада за излез од кризата

12.06.2016 17:01

Формирање на реформска влада бараат четирите партии од „Коалицијата за промени и правда“. Сметаат дека во преговорите треба да бидат вклучени и помалите партии и невладиниот сектор. Уставниот суд треба да ја отфрли иницијативата за Законот за специјалното обвинителство- став на Народното движење за Македонија ...

Реформска влада составена од експерти со висок професионален кредибилитет за решавање на политичката криза, предлага Коалицијата за промени и правда. 4-те партии од Коалицијата сметаат дека е потребно рекомпонирање на судскиот совет. Предлагаат реформи и во јавното обвинителство и во полицијата.

Од Коалицијата бараат во реанимацијата на договорот од Пржино да бидат вклучени и помалите политички партии.

Од политичната платформа побараа во рамки на кривичниот суд да се формира специјален оддел којшто ќе ги процесуира обвиненијата на СЈО. Од Народното движење за Македонија пак сметаат дека за статусот на Специјалното јавно обвинителство треба да се договорат политичарите.

Политичките партии и граѓански организации побараа највисокиот суд да се произнесе за уставноста на СЈО. Предметот е доделен кај судија известител,но оваа точка засега не е ставена на дневниот ред на седницата на судот во среда.

 

Анита Димитријевска