Реформи во „Македонски железници - Транспорт“

28.01.2014 17:32

Новите 150 товарни вагони и 6-те патнички композиции ќе ја променат комплетната слика за Македонски железници-Транспорт....

Новите 150 товарни  вагони и 6-те патнички композиции ќе ја променат комплетната слика за Македонски железници-Транспорт. Ќе се воведат најмодерни транспортни средства ,по урнекот на развинеите земји .На компаниите ќе им се понуди   најсовремена  транспортна услуга ,а на патниците сосема нов амбиент за патување.Први ќе пристигнат товарните вагони.

,,Во јули ќе се испорачаат првите ,а до крајот на декември треба да пристигнат  сите 150 товарни вагони , вредни 13,2 милиони евра.”- најави премиерот Никола Груевски.

Ќе се поднови и патничкиот превоз.До крајот на март  годинава ќе се склучи и договорот за испорака на новите дизел и електрични композиции.

Овие стари патнички композиции за 20 месеци ќе заминат во историјата.Ќе ги заменат нови најсовремени патнички гарнитури,  кои ќе овозможат брз и безбеден превоз на патниците. 

Практично со оваа голема набавка вредна 24 милиони евра  ќе се заменат  скоро 60% од возниот парк на Железницата.Старите ,,шпански гарнитури “ кои веќе еднаш се репарирани и модернизирани,  полека ќе го отстапуваат местото на модерните композиции кои  нудат комфорен и брз превоз на домашните линии.

,,Она што го има на европските пруги,  а го немало кај нас ќе го имаме и овде.Ова ќе почне да го менува и лошиот имиџ што го има Железницата во Македонија.”-вели  Оливер Дерковски, генерален директор на ,,Македонски железници-Транспорт” .

Товарните вагони и патничките композииции се набавуваат со кредитна поддршка на Европската банка за обнова и развој, а со буџетски пари ќе се обновуваат железничките станици .Железницата забрзано го менува стариот лик и полека фаќа приклучок со Европските железници ,но и со новиот милениум.

новинар:Свето Николовски

Снимател:Здравко Петрушевски