Во април издадени 228 одобренија за градење
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3.017.673.000 денари што е за 20.3% повеќе во однос на април лани.

Во април 2016 се издадени 228 одобренија за градење што е за 8,6% повеќе во однос на истиот месец од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3.017.673.000 денари што е за 20.3% повеќе во однос на април лани.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 138 (60.5%) се наменети за објекти од високоградба, 29 (12.7%) за објекти од нискоградба и 61 (26.8%) за реконструкција на објекти.
Од вкупно 228 објекти, на 138 (60.5%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 90 (39.5%) објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 461 стан со вкупна корисна површина од 36.417 м2.
