Бензините поевтинуваат, цената на дизелот останува иста
Еуросупер БС- 95 ќе има пониска цена за половина денар и ќе чини 63,5 денари. За 1 денар поевтинува 98- октанскиот бензин, на 65 денари. Цената на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство не се менува, мазутот поскапува.

Бензините поевтинуваат од полноќ. Еуросупер БС- 95 ќе има пониска цена за половина денар и ќе чини 63,5 денари. За 1 денар поевтинува 98- октанскиот бензин, на 65 денари. Цената на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство не се менува, мазутот поскапува.
Од Регулаторната комисија за енергетика објаснуваат дека во изминативе две недели просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар била повисока за 1,25 проценти, а курсот на денарот во однос на доларот бил понизок. Оттука е направена и новата пресметка за цената на нафтените деривати што ќе важи во идниве две недели.
