Случај „Транспортер“: Нема притвор на битолскиот градоначалник
13.06.2016 16:16
Определена е мерка на претпазливост, односно одземенање на патната исправа.

Битолскиот градоначалник Владимир Талески денеска беше два часа на распит во скопскиот Кривичен суд за случајот „Транспортер“, што го отвори Специјалното јавно обвинителство.
Од судот информираат дека судија на претходна постапка го одбил предлогот за притвор. Определена е мерка на претпазливост, односно одземенање на патната исправа.
Во случајот „Транспортер“ се осомничени 22 лица.
