Заеднички бизнис на македонски и естонски ИТ компании

13.06.2016 16:41

Договорот за соработка го иницираше Министерството за информатичко општество, потврда за квалитетот на програмерите и капацитетот на информатичкиот сектор во државава.

Македонски и естонски комјутерски компании ќе креираат заеднички бизнис, производите ќе ги пласираат на странски пазари. Развој на технологии, трансфер на нови знаења, поголем број работни места- оценуваат менаџерите.

„Заедно можеме да создадеме нешто големо за новите пазари. Македонскиот и естонскиот пазар се мали, но можеме да имаме добивка со тоа што ќе бидеме активни и динамични. Гледам многу сличности. Се надевам дека ќе направиме нешто големо за светот“- вели Прит Конго, менаџер на Нет Груп- Естонија.

„Целта на соработката е да се отвораат нов работни места и да се  зголеми обемот на работа“, посочи Владимир Илиевски од ИТ Лабс.

„Мал чекор за напите две компании, но може да биде голем чекор за македонските и естонските ИТ компании ако продолжат во овој парвец, сметам дека малите и средни бизниси треба да бараат вакви партнери во Европа и САД“, вели Слаѓан Михајловски, Инфинити Солушнс.

Договорот за соработка го иницираше Министерството за информатичко општество, потврда за квалитетот на програмерите и капацитетот на информатичкиот сектор во државава.

„Заедно ќе работат на развој на производи и на пласман на овие производи на странските пазари со што ќе се овозможи трансфер на знаење и технологии и секако учество во ителектуалната сопственост на овие развиени производи“, оценува Марта Арсовска Томовска, министер за инфроматичко општество и администрација.

„Договорот за соработка е добар сигнал и го покажува квалитетот на ИТ секторот и ИТ програмерите во Македонија“, нагласи Даниел Ерик Шаер, амбасадор на Естонија во Македонија.

Естонските компании гледаат потенцијал во информатичкиот кадар во Македонија, македонските ИТ компании очекуваат бизнисот со нив да им отвори нови пазари во Европа.

 

Сузана Фиданска- Стоевска