Субвенции за градинарство
Градинарите субвенции може да ги добијат по 4 основи. За производство на отворено, во пластеници, во контролирани услови и за предадениот зеленчук во домашните преработувачки капацитети.

Градинарите кои произведуваат зеленчук на отворено и во пластеници на најмалку 0,2 хектари имаат право на субвенција од 30.000, а за лубеници и дињи 6.000 денари по хектар.
Дополнителни директни плаќања можат да добијат производителите на домати, пиперки, краставици и режано цвеќе во оранжерии.
Висината на поддршката изнесува 90.000 денари по хектар за производството кое е продадено на домашен пазар или е извезено во периодот од 1 јануари до 15 мај 2016 година.
За зеленчукот предаден во преработувачките капацитети од март до декември 2016 година,се добива по 1,5 денари, а за пиперки и за корнишони по 3 денари за килограм.
Методија Трајков
