Во Собранието продолжува расправата за импичмент на Иванов
Според Социјал-демократите, шефот на државата со аболицијата го прекршил Уставот и треба да сноси одговорност. За ВМРО-ДПМНЕ барањето за импичмент е политички мотивирано за напад на институцијата претседател.

Во Собранието продолжува расправата за предлогот за импичмент на претседателот Иванов, поднесен од СДСМ. Според Социјал-демократите, шефот на државата со аболицијата го прекршил Уставот и треба да сноси одговорност. За ВМРО-ДПМНЕ барањето за импичмент е политички мотивирано за напад на институцијата претседател.
Според бројот на пријавени пратеници, се очекува дебатата да трае неколку дена. За донесување одлука за почнување постапка пред Уставниот суд за утврдување на одговорноста на претседателот треба да гласаат најмалку 82 пратеници во Собранието на Република Македонија.
Пред една недела, ад- хок комисијата со мнозинство гласови заклучи дека иницијативата за аболиција на претседателот Иванов поради одлуките за помилување на поранешни и актуелни функционери и нивни поддржувачи е неоснована.
