Прирачник за лични податоци во училиштата

28.01.2014 17:38

Калин и неговите школски другари научија зошто не треба секому да ги откриваат своите лични податоци.

-Приватноста е нешто мое и нејќам да го делам со никого

-Приватноста е нешто лично мое , не треба да кажувам име и презиме на непознати .

Свесни дека со новите технологии децата стануваат потенцијална цел на оние што сакаат да ги злоупотребат, родителите прават се за да ги заштитат своите најмили.

Во светот милиони луѓе користат социјални мрежи. Голем дел од нив  се малолетни деца.Гарантирањето на сигурноста и тајноста на овие податоци е од голема важност. Поради тоа се засилени инспекциските контроли.

Денеска Европа го одбележува Меѓународниот ден на заштитата на личните податоци. Кон оваа иницијатива се приклучи и Македонија. Промовиран прирачник за наставници за заштита на личните податоци.

Прирачникот е финансиран со пари од Европската унија и ќе биде доставен до сите основни и средни училишта низ земјава.

Новинар: Викторија Тодоровска

Снимател Здравко Петрушевски