Убиена полициска двојка во Париз, ИД ја презеде одговорноста

14.06.2016 10:35

Напаѓачот го држел нивниот син како заложник во семејниот дом. Откако го убил офицерот, се забаракадирал во куќата. Одговорноста за нападот ја презеде Исламска држава.

И покрај зголеменото обезбедување и предупредувањата за можни напади, во Франција повторно се случи инцидент. Полицијата го ликвидираше мажот кој уби полициска брачна двојка во предградието на Париз.

Напаѓачот го држел нивниот син како заложник во семејниот дом. Откако го убил офицерот, се забаракадирал во куќата. Одговорноста за нападот ја презеде Исламска држава.

Доколку се докаже дека е точно тврдењето на исламистите, ова ќе биде првиот нивен напад во Франција по воведувањето на вонредната состојба во земјата.