Масло од канабис од денес низ аптеките

14.06.2016 10:40

Екстрактот од масло од канабис кое ќе се користи за медицински цели ќе го има во аптеките до крајот на јуни, односно по завршување на обуката на лекарите, за начинот како треба да го препишуваат и дозираат. Ќе се издава исклучиво на лекарски рецепт и во себе ќе содржи повеќе од 0,2 проценти ТХЦ, велат од Агенцијата за лекови.

Од денеска во аптеките се продава масло од канабис, кое може да се купи во слободна продажба. Овој препарат има помал процент на психотропна супстанца, помалку од 0,2 проценти и се употребува како додаток на конвенционалната терапија.

Екстрактот од масло од канабис кое ќе се користи за медицински цели ќе го има во аптеките до крајот на јуни, односно по завршување на обуката на лекарите, за начинот како треба да го препишуваат и дозираат. Ќе се издава исклучиво на лекарски рецепт и во себе ќе содржи повеќе од 0,2 проценти ТХЦ, велат од Агенцијата за лекови.

Препаратот ќе се употребува по препорака на специјалист. На почеток ќе се користи за третман на хронична болка, кај карцином, некои типови на епилепсија и кај болни од ХИВ, за зголемување на имунитетот.

Само една фармацевската компанија имала поднесено барање за добивање на одобрение за производство на овие препарати, ги исполнува законските услови во однос на просторот, опремата и кадарот и веќе и било издадено одобрение за производство.