Второ рочиште за случајот „Диво насеље“

14.06.2016 10:48

На почетокот на судењето пред една недела, сите изјавија дека не се чувствуваат виновни.

Во големата сала на Врховниот суд, второ рочиште за случајот „Диво насеље“ во кој 29-мина се обвинети за тероризам и 8-мина за нивна логистичка поддршка. На почетокот на судењето пред една недела, сите изјавија дека не се чувствуваат виновни.

Јавното обвинителство останува на обвинителниот акт. Ако се анализираат приложените докази, може да се констатира дека е неспорно оти поголем дел од обвинетите меѓусебно се познаваат од порано и дека биле во контакт и дека обвинетите биле вклучени во нападите на караулата во гошинце и во дива населба рече обвинителот пановски.

Лани на 9-ти мај во акцијата против терористичката група во Куманово загинаа осум припадници на македонските полициски сили.