Сѐ повеќе британци поддржуваат „Брегзит“

14.06.2016 11:16

Над 50% до испитаниците би сакале да земјата да потпише договор за слободна трговија со Унијата, сличен како договорот на САД, Канада и Мексико.

Анкетите на неколку лондонски весници покажуваат дека се поголем број Британци ја поддржуваат идејата зад т.н. Брегзит, односно излегувањето на Велика Британија од Европската Унија.

Над 50% до испитаниците би сакале да земјата да потпише договор за слободна трговија со Унијата, сличен како договорот на САД, Канада и Мексико. Дел од нив сметаат и дека најдобрата опција е членството во ЕФТА со единствен пазар што значи слободно движење на работната сила, но и поголема моќ за Британија во процесот на воведување на правилата.

Поради можните реперкусии врз економијата на Унијата, Европската централна банка подготви акциски план доколку Британците се изјасант позитивно за Брегзит на референдумот на 23 јуни.