Распишан е новиот Конкурс за запишување на питомци на Воената академија

14.06.2016 11:43

Термините за поднесување на документите во првиот уписен рок се: 27; 28 и 29.06.2016 година од 08,30 - 16,30 часот на Воената академија.

Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“- Скопје го распиша новиот Конкурс за запишување на студенти/питомци за потребите на Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија и студенти за насока кризен менаџмент, заштита и спасување на прв циклус на студии за студиската 2016/2017 година.

Ги повикуваме сите заинтересирани кандидати кои имаат желба да студираат на Воената академија и кои ги исполнуваат условите од Конкурсот да се пријават на истиот. Истакнуваме дека процесот на избор е транспарентен и базиран на дефинирани критериуми и прикажани квалитети и резултати на пријавените кандидати, соопштуваат од Министерството за одбрана.

Термините за поднесување на документите во првиот уписен рок се: 27; 28 и 29.06.2016 година од 08,30 - 16,30 часот на Воената академија. Документите од државната матура и сведителствата за завршена четврта година средно образование може да се поднесат дополнително до крајот на јули оваа година.