Американскиот носач на авиони „Ајзенхауер“ ќе учествува во борбите против ИД
14.06.2016 11:45
Носачот „Ајзенхауер“ ќе се движи кон Персискиот Залив за да се вклучи во борбата против Исламска држава во Ирак и Сирија.

Американскиот носач на авиони „Ајзенхауер“ влезе во Средоземното Море. Се очекува да ја замени другата борбена група на американската морнарица „Труман“ која на крајот на месецов ќе тргне кон САД по 8-месечниот ангажман.
Носачот „Ајзенхауер“ ќе се движи кон Персискиот Залив за да се вклучи во борбата против Исламска држава во Ирак и Сирија.
Со ова, американската морнарица сака да им изрази поддршка на сојузниците и партнерите во Европа. Во моментов НАТО одржува воени вежби во источна Европа и во Турција кои го заострија односот со Русија.
