Оланд: Вчерашното убиство е терористички акт

14.06.2016 13:12

Францускиот претседател Оланд изјави дека нападот во кој маж во име на Исламска држава уби француски полицаец и негова сопруга, е „неоспорно терористички акт“. Исламска држава ја презеде одговорноста за убиството на полициски службеник и на неговата партнерка...

За убиството со ладно оружје од страна на припадник на Ислмаската држава во Мањавил на 42 годишниот командант на полицијата и на неговата 36 годишна придружничка, врабтоена во полициата, одговорноста за убиството е преземена од страна на терористичката оргаизација Исламска држава, дело кое  за француската влада претставува „терористички чин“.

Францускиот претседател Франсоа Оланд, беше јасен:

„Тоа е несомнено терористички акт. Бидејќи извршителот кој беше неутрализиран по нападот на силите на редот, самиот сакаша неговиот чин да биде признат како терорстичи. А и организацијата  на која рече дека и припаѓал ја презеде одговорност“, рече Оланд.

Претходно во Елисејската палата се одржа итен состанок, по кој министерот за внатрешни работи Бернар Казенев исто така изјави дека станува збор „одвратен терористички чин“.

Покрај осудата на терористичкиот акт за кој одговорноста ја презеде Исламската држава, Казенев нагласи дека повеќе од сто луѓе кои претставуваат закана за безбедноста на французите биле уапсени од почетокот на 2016 годината.

Во текот на ноќта, Оланд вети дека „случајот ќе биде расветлен и дека ќе бидат познати околностите на ова гнасна драма чија истрага под надлежност на правдата“.

„Истрагата е во тек. По разговорот со обвинителот, инсистирам дека е потребна најголема внимателност во давањето на елементи за да не се компромитира истрагата која ќе доведе до нови апсења“, изјави Казенев.

Првата жртва е е полициски командант на 42-годишна впзраст беше убиен во понеделникот околу 21 часот пред својот дом, во станбениот дел од Мазавил. Убиец го избодел со нож пред куќата. Набргу потоа, сите жители на квартот биле евакуирани од полицијата. Потоа припадниците на елитната единица RAID набрзо  пристигна на местото на настанот. Преговорите беа отворени и беше развиен план за напад, изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Пјер- Анри Брандет. „Преговорите не можеа да успеат, и притоа беше одлучено да нападнат“, додаде тој. Напаѓачот бил убиен за време на нападот. Сопругата на полицаецот беше пронајдена мртва со пресечен врат. Од крвавиот напад преживеа само тригодишното дете на брачната двојка, кое било шокирано но неповредено.

Напаѓачот кој е идентификуван како Лароси Абала (25), бил осуден во 2013 година за тероризам и за учество во џихадистички организации поврзани со Пакистан. Тој одлежал три години „заради злосторничко здружување со цел извршување терористички акти“. Бил суден заедно со уште седум други лица, јавуваат француски медиуми повикувајќи се на извори од истрагата.

Француските власти веќе подолго време предеупредуваат на неминовноста од нови терористички напади, но иако припадниците на силите на редот беа често цел на терористите, ова е прв пат тие да бидат нападнати во нивниот дом.

 

 

Тони Гламчевски, дописник од Франција за МРТ