Обуки за напредни ИТ вештини за 100 невработени
Како што информираше денеска министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, голем број од компаниите на пазарот на труд бараат кадар кој ги познава напредните ИТ вештини, а како што рече, оваа мерка го овозможува тоа.

Објавен е јавниот повик за обуки за напредни ИТ вештини. Во план е да се опфатат 100 невработени луѓе. Мерката предвидува тие да се прекфалификуваат за да станат поконкурентни на пазарот на труд.
Како што информираше денеска министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, голем број од компаниите на пазарот на труд бараат кадар кој ги познава напредните ИТ вештини, а како што рече, оваа мерка го овозможува тоа.
Нудиме шестмесечна обука за невработените за напредни ИТ вештини, кои чинат од 60 до 120 илјади денари за едно лице. Тоа по завршувањето на обуката се здобива и со меѓународно признат сертификат, а неговите шанси за вработување се многу поголеми. Веднаш по завршувањето на обуката учесниците во нив многу брзо наоѓаат работно место. Бројките за процентот на вработување а лицата кои завршиле вакви обуки, за кој ме информираа од Тренинг центарот Семос едукација, се импресивни. Од сите лица кои поминале обука за јава програмер во 2014 над 85 проценти се вработени или по завршувањето на обуката добиле работно место, истакна Спасов при посетата на Семос едукација, каде се спроведуваат дел од обуките за јава програмери и мајкрософт веб програмери.
Директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија Влатко Поповски истакна дека обуките даваат можност за брзо вработување, како што рече, не само во Македонија.
Со полагање на испитот лицата се стекнуваат со можност да бидат дел од списокот на експерти на провајдерите на овие обуки, со тоа што можат со нив да стапат во контакт и меѓународни компании кои бараат такви кадри, рече Поповски.
Додаде дека во Македонија и инвеститорите бараат вакви програмски експерти. Во наредниот период, рече, и оние кои се на обука ќе бидат поканети и можат да добијат можност за вработување.
