Први ветерници во Македонија
Со инсталираната моќност од 2,3 мегавати...

Со инсталираната моќност од 2,3 мегавати, висина на столбот 84 метри, а дијаметар на елисата од 93 метри ветерниците треба да произведуваат 100 гигават часови струја годишно што е доволно за околу 15 илјади домаќинства или 60 илјади жители. Во првиот ветерен парк во Македонија ќе има вкупно 16 ветерници кои ги поставува германската фирма Сименс. На градилиштето се работи со полна пареа, празните камиони заминуваат, техничарите составуваат.
-Дождот не ги спречува конструкционите работи во првиот парк кај Богданци. Од ЕЛЕМ велат дека првиот ветерен парк во Македонија треба да биде готов до крајот на март.
Од ЕЛЕМ додаваат дека производството на електрична енергија од ветерниот парк ќе биде целосно вклученo во електроенергетскиот систем на Македонија откако ќе заврши поставувањето на сите ветерници. Истовремено текстурата на релјефот нуди можност тука да бидат конструирани и ветерни турбини. Финансиската конструкција изнесува 55,5 милиони евра обезбедени преку министерството за финансии и КФВ банката и ЕЛЕМ. Искористувањето на алтернативни извори на енергија е пракса во Европа. Во Данска има над три илјади, а ветерот како извор на енергија многу се користи и во Германија, Британија, Ирска, Холандија. Сега, ветерниците почнуваат да се шират кон исток на Европа.
Катерина Давчева