Ставрески поднесе оставка поради здравствени причини
Здравствените проблеми со кои се соочувам и советите на лекарите упатуваат на тоа дека постои неопходност од подолго лекување и закрепнување, поради што јас нема да сум во можност да ја обавувам функцијата, наведува во оставката, Ставрески.

Поради здравствени причини Зоран Ставрески поднесе оставка од позицијата вицепремиер и министер за финансии.
Здравствените проблеми со кои се соочувам и советите на лекарите упатуваат на тоа дека постои неопходност од подолго лекување и закрепнување, поради што јас нема да сум во можност да ја обавувам функцијата, наведува во оставката, Ставрески.
Ставрески е дел од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ од 2006-та година на позицијата потпретседател задолжен за економски прашања, а од 2009-та година и на позицијата министер за финансии. Тој со својата работаи постигнати резултати останува запаметен како еден од најуспешните македонски министри, кој со своите економски политики направи значителни достигнувања и суштински реформи кои државава ја ставија на мапата на меѓународните економски текови и процеси.
