Голем интерес за обуката за воени пилоти

14.06.2016 15:33

Во битолската агенција за вработувања беа претставени условите од конкурсот за обука на идните воени пилоти. До крајот на месецов ќе можат да аплицираат сите високообразовани лица помлади од 28 години што ги исполнуваат соодветните услови.

Професијата воен пилот станува попривлечна и за понежниот пол. Битолчанката Гордана Кочишки иако завршила правен факултет, наместо во судница или адвокатска канцаларија својата идна професија ја гледа во небесните височини управувајќи едно од леталата на македонското воено воздухопловство.

Адреналинот на она што таа наскоро очекува да го започне, веќе го почувствувал младиот Никоа Селагунист. За шест месеци финишира со обуката и ќе се стекне со чин- поручник. На идните колеги им порачува голема упорност во обуката кон професијата што многу дава, но и бара голема посветеност.

Пред Салагунист предстојат уште доста часови летање, а за сите оние што ќе запливаат во овие води- 18 месечна теоретска и практична обука доколку ги исполнат условите од конкурсот: да се помлади од 28 години да имаат високо образование, да се психофизички подготвени и да го владеат англискиот јазик. Од Центаот за обука велат дека строгиот селективен приод веќе создава квалитетен кадар.

Секое претходно искуство е значајно. Потенцијал има и во се уште активните аеро клубови. Спортскиот аеродром кај селото Логоварди и кадарот што го создате битолскиот клуб, остануваат сериозен потенцијал од каде може да произлезе некоја следна генерација пилоти- чувари на макеонското небо.

 

Стевче Митревски