Одбележан Светскиот ден на крводарителството
Под мотото „Крвта не спојува сите нас – сподели живот, дарувај крв!“, се одбележува Светскиот ден на крводарителството. Во последните неколку години сите потреби од крв и крвни компоненти навремено се обезбедуваат, велат надлежните. На годишно ниво во Македонија даруваат крв меѓу 25 и 30 илјади граѓани...

Сѐ повеќе млади луѓе во земјава се запишуваат на листата крводарители. Според податоците околу 25 проценти се до 27 години, а зголемен е и бројот на жени кои даруваат крв. Катица Жежова е крводарител од 1977 година. Досега 70 пати несебично ја дарувала својата крв. И Дејан Стојковски е крводарител со подолг стаж. Досега дарувал крв 50 пати.
Да се дарува крв и да се спаси нечиј живот е благородно дело- велат граѓаните.
Годишно во земјава даруваат крв околу 25 илјади луѓе. Сите потреби од крв се обезбедуваат навремено, според годишниот план, велат од Црвениот крст.
На Светскиот ден на крводарителството, Институтот за трансфузиона медицина со акција за бесплатно одредување на крвна група.
Годишно во Македонија се реализираат околу 900 крводарителски акции. Според законот, крв може да даруваат граѓани што имаат од 18 до 65 години.
Сунчица Николоска
