„Патот за Истанбул“ за старт на Францускиот филмски фестивал
„Патот за Истанбул“, во режија на Рашид Бушареб ќе го отвори деветото издание на францускиот филмски фестивал. Ќе трае од 15 до 18 јуни во Охрид и во Скопје. Во деновите посветени на француската кинематографија, ќе бидат прикажани и филмовите „Утре“, „Фатима“, „Лето“, „Ни на небо ни на земја“. Почесен гостин ќе биде режисерот Кристијан Венсан.

„Патот за Истанбул“, во режија на алжирскиот режисер Рашид Бушареб ќе го отвори деветото издание на Францускиот филмски фестивал. Обработува актиуелна тема- одлуката на млада девојка да замине во војна во Сирија. Во деновите посветени на француската кинематографија, ќе бидат прикажани и филмовите „Страв“, „Утре“, „Фатима“, „Лето“, „Ни на небо ни на земја“. Проекциите ќе бидат во Охрид и во Скопје. Гости на фестивалот ќе бидат актерката Астрид Ветнал и режисерот Кристијан Венсан.
Во четирите фестивалски денови во Скопје и во Охрид, ќе бифдат прикажани престижни француски филмови со бројни награди, меѓу кои и наградата „Цезар“.
Фестивалот за француски филм е одлична можност нашите продуценти, автори и режисери да разменат контакти и да реализираат заеднички проекти, рече министерката за култура.
Александра Перевска
