Алпско скијање
Кристоферсен е новата скијачка ѕвезда
28.01.2014 22:26
Завршната слика по слалом-рулетот во Шладминг: тинејџерот Хенрик Кристоферсен е на рацете на слалом великаните Марсел Хиршер и Феликс Нојројтер!

Завршната слика по слалом-рулетот во Шладминг: тинејџерот Хенрик Кристоферсен е на рацете на слалом великаните Марсел Хиршер и Феликс Нојројтер!
Признание од големите фаворити во трката за 19 годишниот Норвежанец! Кристоферсен победи на најпознатата слаломска патека во Шладминг, ја извојува првата победа во кариерата во Светскиот куп.Бурно беше поздравен од 50 илјади гледачи на целта. Имаше фантастичен настап, особено во втората трка во која му требаше брзина, прецизност меѓу вратите и голема ментална сила.
Седмиот слалом во сезоната во Шладминг го доби новиот свој херој во трилер завршница, во која пред настапот на Кристоферсен, главниот збор го имаа Австриецот Марсел Хиршер и Германецот Феликс Нојројтер. Хиршер само за една стотинка беше побрз од Нојројтер, но на крај заостана за 18 стотинки зад Кристоферсен. Трагичар во Шладминг беше австрискиот ветеран Марио Мат, кој имаше најдобро време по првата трка, но во решавачкото возење погреши само по неколку минати врати.
По ваквиот епилог заплетот во трката за кристалниот глобус во слалом станува многу понеизвесна. Во пресрета на преостанатите два слалома води Хиршер со 420 бодови, следен од Нојројтер и Кристоферсен со по 370. И во генерален пласман нијанси ќе го исфрлат скијачот на сезоната во Светскиот куп: Норвежанецот Свиндал е прв со 897 бодови, пред Хиршер со 875 и Французинот Пантуро со 714.
