Франција: „ЕУРО 2016“ во сенка на протестите
Генералниот секретар на најголемиот синдикат ЦГТ, Филип Мартинез, тврди дека денешните протести се најмасовните во изминатите неколку месеци. Француските штрајкувачи велат дека не им е грижа за „ЕУРО 2016“.

Домаќинот на Европското фудбалско првенство блокирано од протести. Повеќе од 50 илјади демонстранти излегоа да му кажат „НЕ“ на предложениот Закон за работни односи. Блокиран е железничкиот и авио-сообраќајот. Прекин во линиите има и во париското метро, а поради штрајкот на „Ер Франс“ се реализираат само 80 насто од летовите.
Генералниот секретар на најголемиот синдикат ЦГТ, Филип Мартинез, тврди дека денешните протести се најмасовните во изминатите неколку месеци. Француските штрајкувачи велат дека не им е грижа за „ЕУРО 2016“.
Вчера францускиот Сенат почна дебата за спорната реформа на законот за труд. Конзервативниот Сенат очекува дека значително ќе се промени Законот предложен од страна на владата, за што повторно, најрано во јули ќе треба да се разгледа во Долниот дом на Парламентот кој го има последниот збор.
Француската влада минатата недела предупреди дека штрајкувачите би можела и на сила да ги врати на работа, особено имајќи предвид дека земјата е домаќин на Европското првенство.
Бојана Крстевски
