Извозот од ТИРЗ зголемен за 28%
На состанокот било констатирано дека извозот од слободните зони е рекордно зголемен за над 28 проценти и надминал 715 милиони евра. Се зголемила и вработеноста во фабриките. Домашните компании од соработката со странците инкасирале околу 50 милиони евра.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на средба со економскиот тим на партијата. Разговарале за привлекувањето странски инвестиции.
На состанокот било констатирано дека извозот од слободните зони е рекордно зголемен за над 28 проценти и надминал 715 милиони евра. Се зголемила и вработеноста во фабриките. Домашните компании од соработката со странците инкасирале околу 50 милиони евра.
Груевски на средбата изјавил дека како резултат на добрата бизнис – клима, стапката на невработеност е спуштена на рекордно ниско ниво од 24,5 проценти.
Во првите пет месеци од годинава, 17 странски инвеститори објавиле инвестиција или почнале со производство.
