Субвенции за заштитни мрежи во земјоделството
Користењето на заштитни мрежи во аграрот сеуште е новина за домашните земјоделски производители. Државата ја субвенционира набавката на ваква опрема, но заинтересираноста не е голема, иако се постигнуваат големи ефекти...

Додека во развиените земји се вообичаена практика, кај нас заштитните мрежи се новина за нашите земјоделски производители.
Основната функција им е заштитата од град, но и намалување од штетното УВ зрачење кое е се поизразено поради климатските промени.
Мрежата се користи и за заштита од доцните пролетни мразеви ,највеќе кај овошките, особено за праските и за кајсиите.
Овие инвестиции преку европските предпристапни фондови од ИПАРД 2 програмата се субвенционираат со најмалку 60 проценти за набавените градежните материјали и за опремата.
Првиот оглас за оваа финансиска поддршка се очекува да биде објавен во Септември годинава.
Методија Трајков
