Собранието ќе гласа за нов министер за финансии и заменик- министер за надворешни работи

15.06.2016 09:49

На 106-тата седница треба да бидат констатирани оставките на Зоран Ставрески и смената на Драгана Кипријановска. На дневен ред и изборот на нови членови на Владата, Кирил Миновски за прв човек во финасии и Илија Исајловски за заменик во надворешни работи.

Собранието ќе гласа за нов министер за финансии и заменик- министер за надворешни работи. На 106-тата седница треба да бидат констатирани оставките на Зоран Ставрески и смената на Драгана Кипријановска. На дневен ред и изборот на нови членови на Владата, Кирил Миновски за прв човек во финасии и Илија Исајловски за заменик во надворешни работи.

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески поднесе оставка поради здравствени причини.

Здравствените проблеми со кои се соочувам и советите на лекарите упатуваат на тоа дека постои неопходност од подолго лекување и опоравување, поради што јас нема да сум во можност да ја обавувам функцијата министер за финансии и потпретседател на Владата на Република Македонија, наведува Ставрески во оставката.

Актуелниот прв човек на УЈП, Миновски, кој од страна на премиерот Димитриев ќе биде предложен за министер за финансии, има плодно 17-годишно искуство во областа на финансии, управување со промени проектен менаџмент и човечки ресурси. Дополнително поседува 13-годишно искуство во работењето на една од водечките светски консултантски компании „Booz Allen Hamilton“. Исто така пред раководењето на Управата за јавни приходи, тој во периодот мај 2014 – ноември 2015 беше прв човек и на Државниот пазарен инспекторат. Претходно бил ангажиран како менаџер на компоненeнти во рамките на УСАИД, како и повеќе други проекти од оваа организација, поврзани со подобрување на конкурентноста, извозот, банкарскиот сектор.

На денешната седница премиерот Димитриев за позицијата заменик-министер за надворешни работи, на која досега беше Кипријановска, ќе го предложи Илија Исајловски, кој е дипломат од кариера со богато искуство во меѓународни организации и разивање на дипломатски односи.